Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.А. од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од демиркаписко, извести МВР.
„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.