Возило излета од патот Скопје-Тетово, 18-годишна девојка тешко повредена

Охриѓанец-загина-во-тешка-сообраќајна-несреќа-на-магистралниот-пат-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.А. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK