Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

Тешко-повреден-скопјанец-во-сообраќајна-незгода-во-центарот-на-градот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Ј.К. од селото Бегниште, општина Кавадарци и „опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45-годишната Н.С. од Ресен, извести СВР Охрид.

„Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, додаваат од СВР Охрид.

За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK