Триесет и осумгодишниот А.М. од гостиварска Горна Бањица, вчера во 11 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот на пат за ова село бил физички нападнат од неговиот сосед, 35-годишниот Ф.Е., а поради нивен судски спор, извести СВР Тетово.