СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(18) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени пет кривични дела

mvr_324242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(18) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени пет кривични дела (две за „одземање на моторно возило“, едно за „предизвикување општа опасност“, едно за „тешка кражба“ и едно кривично дело за „кражба“), 15 годишен малолетник од с. Ларце, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела (едно за „одземање на моторно возило“ и едно за „тешка кражба“), како и против А.Ш.(18) од Тетово и 17 годишен малолетник од с. Непроштено, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.







Така што на 28.04.2021, 17/18.01.2022, 13.02.2023 и 15.10.2022 година, на повеќе локации во Тетово, пријавените одзеле патничко возило „пежо“ 106, моторцикл „априлиа“, моторцикл „М3“ и други предмети кои биле во сопственост на државна институција и неколку физички лица.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK