Вчера во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, на влезот во гостиварското село Дуф, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возилo „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.О. од Дуф и мотоцикл „сим 250“ со гостиварски ознаки што го управувал 26-годишниот О.Ч. од Република Албанија, извести СВР Тетово.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, велат од СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.