Денеска во 01.45 часот од полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола бил лишен од слобода 69-годишниот А.Л. од Битола, поради тоа што на 22.10.2023 околу 22.20 часот со огнено оружје усмртил куче и живина, сопственост на неговиот сосед, извести МВР.
– Кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 29 ловечки патрони калибар 12 мм, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.