Со автомобили удрени тројца пешаци за еден ден во Македонија – едниот од возачите побегнал од местото

Загина-35-годишен-охриѓанец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тројца пешаци во текот на вчерашниот ден биле прегазени од возила на улиците низ Македонија.


Според информациите од МВР, првиот пешак бил удрен од патничко возило управувано од 20-годишник од Скопје.

Несреќата се случила вчера рано наутро околу чест часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Велес со локалниот пат Јурумлери–Долно Лисиче.

„Патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско“, објави МВР.

Еден час подоцна, во Пехчево, било пријавено дека на улицата Илинденеска, комбе управувано од 64-годишен маж, удрил во 66-годишен пешак – и двајцата од Пехчево.

Третата несреќа се случила во Струга, а била пријавена околу 9 часот вчера. Од полицијата велат дека на улицата Пабло Неруда во Струга, патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото.

Во сите три случаи пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а извршен бил полциски увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK