Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

ubistvo-policija-3-149436.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Расправија во Боговиње, Тетово, завршила со убиство.

Педесетгодишен маж со иницијали М.М. е осомничен дека утрово во 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј.. во Боговиње.

Според информациите од полицијата, на убиството претходела расправија.

Петнаесет минути подоцна убиецот бил фатен на улицата Цветан Димов во Тетово, додека возел со својот автомобил од марката „бмв“.

При прегледот на возилото била пронајдена и одземена автоматска пушка.

Мажот е задржан во полициска станица на натамошна постапка, а Јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK