Полицијата приведе 50-годишник од селото Студеничани, Скопско поради кражба на куче.
Тој се сомничи дека вчера околу 9 часот наутро, од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје.
„Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.