Скопјанец се обидел да избега од полицијата, па удирл во автомобил и капијата од станицата

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата доцна синоќа го привеле Д.Р.(29) од с.Марино, општина Илинден.

Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило.

Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира возилото, но наместо тоа тој се обидел да избега и притоа удрил во друго возило и во капијата од станицата, по што бил фатен и задржан.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK