Вчера во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.