Полицијата го приведе Ф.Б.(31) од Скопје во Драчево.
Тој се сомничи дека вчера околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот.
Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.