Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

kurto-dudush.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К.Д., градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик, извести МВР.

„Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка, лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK