Санкционирани 177 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

stop_#45353534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување.







Од МВР информираат дека се изречени и четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK