Разбојник заврши во притвор, со пиштол ограбил банка во Скопје

apsenje-pritvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 13.45 часот го лишиле од слобода М.К. (31) од Скопје осомничен дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.


Како што соопштија од МВР, извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по  што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK