Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т.
Куршумот причинил оштетувања на дел од објектот. Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.