Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(60) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.Љ.(36) од с.Сарај.
Тој потоа од огнено оружје испукал два куршуми кон него, но не го погодил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.