Пронајдени тројцата мотоциклисти кои на Плачковица се оддалечиле од групата

policija-avtomobil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата денеска ги најде тројцата мотоциклисти од Штип кои вчера заедно со група мотоциклисти се движеле на планината Плачковица и околу 19 часот се издвоиле кон село Зрновци по што биле недостапни.







– На планината Плачковица, денеска во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип. Вчера заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19 часот се издвоиле од групата кон село Зрновци, по што биле недостапни, информираат од МВР.

Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и вратени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK