Вчера околу 14.45 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија со повреди од сообраќајната незгода.
На лицата им била укажана лекарска помош од Итната медицинска помош Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија за понатамошна постапка.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.