Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

Приведено-лице-од-Батинци-превезувало-огревно-дрво-без-документација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер околу 20.30 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 24-годишниот М.Џ. од село Батинци. Тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација, извести МВР.



– Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK