Вчера над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги привеле А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои биле во автомобил.
„Полицијата постапи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава“, велат од МВР.
Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува поднесок.