Приведен жител на Голема Речица баран со потерница за издржување казна затвор

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово информира дека денеска претпладне е приведен жител на Голема Речица по кого имало потерница за издржување казна затвор. Тој бил осуден за кривичните дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

-Денеска околу 10.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 52-годишниот Х.А. од тетовска Голема Речица. Тој бил баран по централна потерница врз осноава на судска наредба за издржување на казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела по член 297 и член 300 од Кривичниот законик, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.


Приведениот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK