Приведен велешанец, со мопед се обидел да удри полицаец

Приведен-велешанец-со-мопед-се-обидел-да-удри-полицаец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 27-годишниот С.Т. од Велес, извести МВР.


– При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK