Приведен стружанец, во неговиот дом пронајдена марихуана

aps_456456454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Дваесет и три годишен стружанец е приведен поради поседување марихуана, соопштија денеска од Министерството за внатрешени работи.







Според информацијата, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга вчера во струшкото село Мислешево во 16 часот и 40 минути го лишиле од слобода Ц.К.(23) од Струга.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK