Денеска во 12.20 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот Д.К. од Скопје, извести МВР.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години поради сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.