МВР информира дека синоќа во 21:40 часот, во гостиварски Градец приведен е 29-годишниот Б.Х. од ова село за кражба.
– Тој се сомничи дека околу 20 часот во спортска обложувалница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот, соопштуваат од полицијата.
Б.Х. бил задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.