Во Куманово денеска во 12:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(42) од Куманово.
Од МВР информираа дека тој се сомничи дека вчера во финансиско друштво на бул.„Трета македонска ударна бригада“ со закана одзел пари од вработената.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.