На 22.03.2024 во 14.35 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.