Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На бул. „Јане Сандански’’ во Скопје, денеска во 02.45 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје.

Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче.


Во присуство на родител, информираа денеска од МВР, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот. Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK