Во Тетово вчера околу 17.30 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.И.(32) од Тетово. При претрес, извршен со судска наредба во домот во кој престојувал, бил пронајден кокаин.
Како што денеска информираа од МВР, тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.