Вчера во 10.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот К.А. од Скопје, извести МВР.
При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.