– Во Кочани вчера во 13.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.В.(26) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и други предмети со остатоци од марихуана.
Од МВР информираа дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.