Денеска околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода 26-годишниот Д.Ј. од Богданци, извести МВР.
– Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната, соопшти МВР.
Д.Ј. бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.