Вчера во 12.40 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 23-годишниот А.Т. од село Ерџелија, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, други предмети со остатоци од марихуана и кутија со пиротехнички средства“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.