Претрес во скопски Чаир, пронајден хероин, приведен дилер

Претрес-во-скопски-Чаир-пронајден-хероин-приведен-дилер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје.

Имено, по добиена судска наредба од страна на полициските службеници бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Чаир, при што биле пронајдени три пакувања со кафеава прашкаста материја (хероин) во вкупна тежина од околу 14 грама, дигитална вага и поголем износ пари.

Полицијата соопшти дека лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK