По преземените мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.3.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории на Г. П. (45) од Скопје.
При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г. П. бил затекнат и Д. Ж. (46) од Скопје.
Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З. Д. (50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г. П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.