Синоќа во 19.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.