Вчера во 21.20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода 29-годишниот А.М. од Куманово, извести МВР.
„При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага“, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.