Вчера во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар, извести СВР Тетово.
„Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.