Вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот Д.Ѓ.(37) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.