Вчера вечер во 21.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило удрило во пешак, 74-годишниот С.С. од Кочани и го напуштило местото, извести МВР.
„Во несреќата, С.С се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.