Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.