Вчера во полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Д.Д. на возраст од 16 години, од Скопје.
Тој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.