МВР за синоќешната акција во Чаир: крадците ги нападнале полицајците, уапсени се

МВР-за-синоќешната-акција-во-Чаир-крадците-ги-нападнале-полицајците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата вчера во Чаир приведе три лица кои извршиле тешка кражба во Кисела Вода по што се дале во бегство.

За време на апсењето, крадците ги нападнале полициските службеници.

„Синоќа (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници“ велат од МВР за настанот.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK