Починато петмесечно бебе донесено на Детската клиника


Кривично-ќе-одговара-мајката-на-4-годишното-девојче-од-Струмица-кое.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Починато петмесечно бебе било утрово донесено на Детската клиника.


Според информациите од МВР, утрово во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско.

Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато, кое било предвреме родено, и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK