По три недели потрага: пронајдено закачено на дрво безживотното тело на 52-годишникот од Теново

vardar-zagaduvanje.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста “Бриони” и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново.


„Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа од СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција“, соопштија од СВР Тетово.

52-годишниот маж на 6 -ти август годинава бил пријавен дека претходниот ден се оддалечил од дома, додека оддалечувањето го пријавил неговиот 57-годишен брат, кој го идентификувал неговото тело.

Во потрагата беа вклучени полициски службеници кои ги пребаруваа нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Беа вклучени и двајца војници од Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња кои го пребаруваа планинскиот дел на село Теново.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK