Денеска во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на 30-годишниот Ф.Д. настанал пожар од експлозија на плинска боца, при што станот целосно е опожарен, извести МВР.
Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, соопшти МВР.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожар. Увидот е во тек.