Вчера во 16 часот во СВР Тетово, 41-годишен жител на тетовско село пријавил дека две лица во Германија, од кои едното од Гостивар, во 2022 година му ветиле дека ќе му обезбедат документи за работа во Словачка, а тој за таа услуга им платил одредена сума пари.
Но, досега ниту му ги обезбедиле документите, ниту му ги вратиле парите.
Се расчистува случајот.