Пет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување возило, информира Министерството за внатрешни работи.
Тројца од нив биле затекнати како управуваат возила без да имаат положен возачки испит. Станува збор за Е.А. (26) од Скопје, Р.Б. (27) од селото Сингелиќ и М.Н. (46) од Кичево.
Полицијата го лишила од слобода и С.В. (38) од Виница, кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за возење.
Петтиот приведен е Р.А. (58), исто така од Виница, кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.